Верзија 1.0
Апликацијата се отвора на страницата со поддржани јазици. Изберете го посакуваниот јазик.
Ова Ве носи на список со гласови што се достапни за тој јазик.
Овде покрај името на гласот има копче со чие кликање може да пуштите аудио примерок од гласот што изговара дали гласот е инсталиран или не е инсталиран. Ако не е инсталиран, може да најдете копче за преземање. Ако е инсталиран, на тоа место има копче за деинсталирање.
Одете на страницата со Поставувања (Settings) за да конфигурирате различни функции за избраниот јазик.
VoiceOver не нуди целосна поддршка за некои јазици, како што се, на пример, македонскиот и албанскиот јазик.
За нив е потребен посебен третман. За да се користат гласовите на RHVoice за тие јазици, потребно е да се направи следното:
ко сакате да користите RHVoice за поддржан јазик, најдете го јазикот преку главната опција за „Јазик“. Додајте го јазикот преку функцијата „Add New Language“.
Ако сакате, може да овозможите детекција на јазик на VoiceOver.
Кога објавуваме нови јазици, нови гласови или понови верзии на постојните, тие стануваат достапни за преземање.
Максималниот квалитет може да предизвика мало доцнење при почетокот на зборувањето. Стандардниот квалитет овозможува говор веднаш, но може да дојде до повремено мало изобличување на звукот, особено кај гласови што бргу ја менуваат висината на гласот.
За секој инсталиран јазик, може да го поставите следното:
Отворањето на iOS и iPadOS кон „Текст во говор“ на трети страни, проследено со објавување нови верзии на OS, значи дека VoiceOver во неговата поврзаност со RHVoice, бргу се менува.
Од iOS 16.2 и iPad 16.2:
Ако се соочувате со проблеми што не можете да ги решите, контактирајте нè преку е-поштата: support+ios at rhvoice dot com.